307
Докторитие не сакаат да поставуваат конкретен датум за негово враќање, но тој нема да биде подготвен за дуелите против ПСЖ во Лигата на шампионите.
Во клубот не сакаат да избрзуваат со негово враќање, тој има само 18 години и најважно е комплетно да биде опоравен пред да се врати во игра.
На почетокот се мислеше дека тој ќе биде во игра за дуелите со ПСЖ, но рехабилтацијата не се одвива според очекувањата.
Тој се повреди на 7 ноември, а се оперираше два дена подоцна. За таква операција предвидена е рехабилитација од три месеци, но очигледно дека Фати ќе биде надвор од теренот повеќе од тоа.