Лоши вести од Дортмунд, Але ќе мора на хемотерапија поради туморот на тестисите

by
1 минути читање

На Себастијан Але пред извесно време му беше дијагностициран рак на тестисите по што му беше направена операција и се чекаа резултати.

За жал последните резултати се дека се работи за малигнен тумор на тестисите и ќе мора да оди на третман со хемотерапија поради што ќе направи подолга пауза од терените.

„Себастијан ќе добие најдобар можен третман. Шансите за заздравување се многу добри. На него и на неговото семејство им посакуваме сила и оптимизам. Нашите мисли се со нив во овој тежок период. Би ги замолил медиумите, навивачите и сите луѓе да разберат дека нема да даваме нови информации за состојбата на Але во блиска иднина“, изјави спортскиот директот на Дортмунд, Себастијан Кел.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани