Навивачите на
Манчестер јунајтед во неколку наврати протестираа против семејството Глејзер,
сметаат дека сопствениците од САД го кочат развојот на клубот и се виновни што
„ѓаволите“ заостануваат зад ривалите од Премиерлигата.
Тие се израдуваа
на вестите дека клубот е ставен на продажба, но вечерва добија разочарувачки информации.
Голем број на
извори пренесуваат дека Шеикот Јасим се повлекол од намерата да го купи клубот
од Олд Трафорд. Катарците понудија речиси 5 милијарди фунти и да го исчистат
долгот на Манчестер јунајтед, но семејството Глејзер бараше повеќе (се
шпекулира дека го проценуваат клубот на 6 милијарди фунти) па зделката
пропадна.
Сер Џим Ратклиф
останува во игра, но се шпекулира дека тој сега е заинтересиран само за 25% од
клубот, со што семејството Глејзер ќе задржи мнозинска контрола врз клубот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.