Лос Анџелс ќе треба да му плати 75.000 долари на Интер Мајами за потписот со Бејл поради едно бизарно правило

by
1 минути читање

Герет Бејл
кариерата ќе ја продолжи во САД, напаѓачот се договори со Лос Анџелес ФК. И
покрај тоа што Велшанецот доаѓа како слободен играч, Лос Анџелес ќе треба да
плати одредена оштета, и тоа на Интер Мајми.

Според правилата
на МЛС, клубовите имаат право да состават „листа со желби“ на која максимум
може да има седум играчи кои тие ги скаутираат и можеби ќе ги ангажираат.

Па доколку некој
клуб сака да ангажира фудбалер кој е на „листата со желби“ на друг клуб, и тој
клуб има приоритет (прв го вметнал на листата), ќе мора да биде платено
оштетување.

Во ситуацијава,
Герет Бејл бил на „листата со желби“ на Интер Мајами, па Лос Анџелес ќе му плати
оштета од 75.000 долари на клубот на Дејвид Бекам.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани