Лорис објасни зошто тргна да се пресметува со Сон

by
1 минути читање

На крајот од првото полувреме се случија луди сцени на дуелот помеѓу Тотнем и Евертон. Откако судијата означи крај на првите 45 минути, Хуго Лорис тргна да се пресмета со Сон Хеунг Мин, соиграчите не дозволија физичка пресметка па видовме само жестока расправија на теренот.

По крајот на натпреварот, голманот на Тотнем ја објасни својата реакција, вели дека вакви работи се случуваат и нагласи дека инцидентот веќе е минато.

„Луѓето од надвор можат да кажат што сакаат, но во соблекувалната има голема почит помеѓу играчите. Она што се случи помеѓу мене и Сони е дел од фудбалот, вакви работи се случуваат понекогаш. Нема никаков проблем. Можевте да видите по крајот од натпреварот дека двајцата бевме среќни со освоените три бода“ – вели Французинот.

Запрашан дали му замерил за лошата поставеност во одбрана и шансата на Ришарлисон во последните секунди од првиот дел, Лорис одговори: „Да, дозволивме противникот да се најде во шанса на само неколку секунди пред паузата бидејќи не притискавме соодветно“.

„Но ова е дел од фудбалот, одиме понатаму“

Можно е и ова да ти се допаѓа

×