Кариерата на
Лорис Кариус драстично се промени во 2018 година, голманот имаше големи киксови
во финалето од Лигата на шампионите и практично на Реал Мадрид му ја подари
победата од 3-1 во Киев.
Тој никогаш
повеќе не заигра за Ливерпул, имаше епизодни улоги во Бешикаш и Унион Берлин, а
откако му истече договорот со „црвените“, минатиот месец потпиша за Њукасл.
И додека го чека
првиот настап по година ипол, Лорис Карис ја „фати“ Дилета Леота, медиумите од
Италија објавија дека голманот е во врска со атрактивната новинарка.
Ваквите
информации донесоа многу мајтап на социјалните мрежи, навивачите се шегуваат на
сметка на Германецот и му велат да внимава да не ја испушти девојката, како што
ја испушти топката во финалето од Лигата на шампиони.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.