ПСЖ киксна во 32. коло од Лига 1 откако одигра 2-2 против Лориент, веројатно размислувајќи повеќе за реванш дуелот од полуфиналето на Лигата на шампионите.
Парижаните поведоа преку Ибрахим Мбаје, а Пабло Пажис израмни пред паузата. Во второто полувреме Варен Заир-Емери повторно донесе предност, но Ајегун Тосин во 78. минута ги постави конечните 2-2.
ПСЖ има 70 бода, седум повеќе од Ленс кој има натпревар помалку и шанса да се доближи на четири бода. До крајот остануваат уште три кола.