По вчерашниот меч против Дортмунд, Хулен Лопетеги откри дека добил отказ, а потоа Севиља и официјално објави за неговото заминување.
„Информиран сум дека веќе не сум тренер на Севиља, тоа ми го кажаа претседателот и потпретседателот. Ова беа три спектакуларни, историски години, освоивме трофеј, трипати по ред се квалификувавме во Лигата на шампионите и оваа година не стартувавме добро па тие донесоа одлука и јас треба да ја прифатам без разлика дали сакам или не“, рече Лопетеги и им се заблагодари на фановите за големата поддршка која му ја даваа.
Веќе некое време се зборуваше дека Лопетеги ќе добие отказ, а синоќешниот пораз од 4-1 на свој терен ја прели чашата и одлуката е донесена.
Се очекува Жорге Сампаоли да биде назначен за нов тренер на Севиља.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.