Лопетеги брзо ќе има нов клуб и тоа во Премиерлигата?

by
1 минути читање

Лопетеги се посочува како главен фаворит за тренерското столче во Вулверхемптон кој во неделата го отпуштија Бруно Лаге поради лоши резултати.

Вулвс во моментов се на 18. место на табелата и имаат постигнато само три погодоци и покрај тоа што имаат 97 шута кон голот во досегашниот дел од сезоната.

Наскоро треба да именуваат нов тренер, а на мечот во сабота против Челси тимот ќе го води двоецот Стив Дејвис и Џејмс Колинс.

Лопетеги е прв фаворит за нов тренер, тој се Вулвс се поврзуваше и во 2016 година, но тогаш стана селектор на Шпанија.

Дали овојпат Лопетеги ќе стане тренер на Вулвс, веројатно ќе се дознае во наредните денови.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×