Логиката на Симеоне и објаснувањето зошто Реал добива толку многу пенали и помош од ВАР

by
1 минути читање

По ре-стартот на
Ла Лига, имаше многу контроверзни одлуки во Шпанија. По синоќешните случувања
во Билбао кога Реал Мадрид доби пенал а Атлетик не доби, Барселона се побуни и
обвини дека „кралевите“ се фаворизирани.

Првиот човек на
Ла Лига, Хавиер Тебас призна дека работите се промениле откако Флорентино Перез
лично му се јавил на Луис Рубиaлес за да му се пожали од одлуките на судиите.

Диего Симеоне пак
има негова логика, вели дека тимовите кои повеќе напаѓаат имаат поголема корист
од ВАР, па затоа и Реал Мадрид добива толку многу пенали.

„ВАР открива сè.
Претходно немавме можност да видиме одредени работи кои сега ги гледаме.
Судиите се само луѓе и понекогаш можат да погрешат. Со ВАР е пофер. Доколку ви
судат повеќе пенали, тоа значи дека почесто сте во шеснаесетникот на противникот.
Кога напаѓате повеќе, како Реал Мадрид, подолго време сте во противничкиот шеснаесетник“

– вели тренерот на Атлетико.

„На теренот работите
се случуваат многу брзо, па тешко е да забележите што точно се случило. Но сега
имаме уште еден судија кој спокојно гледа сè на телевизорот. Исто гледаат и луѓето од своите домови“.

„ВАР може да ви
помогне но и да донесе одлука на ваша штета, но сега е многу појасно дали е
офсајд, дали е пенал…“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани