Ливерпул во вистинско време победи со 7-1, пред големото дерби со Манчестер Сити

by
1 минути читање

Ливерпул во недела игра против Манчестер Сити во големото дерби од Премиерлигата. Тимот на Јирген Клоп беше во лоша форма, но синоќешната победа во Глазгов ќе влијае позитивно на самодовербата.

Особено може да има ефект на Мохамед Салах кој е непрепознатлив оваа сезона. Синоќа тој го постигна најбрзиот хет-трик во историјата од Лигата на шампионите.

„Оваа понуда дефинитивно го менува расположението“, вели Клоп.

„Комплетно е различно. Вообичаено пиеме пиво по гостинските натпревари, но тоа беше одамна, веројатно сега ќе бидам пијан од едно пиво. Да, ова комплетно го менува расположението, но сите ние добро знаеме кого го пречекуваме во недела и тоа ќе биде различен меч, но подобро е да влеземе со чувството кое го имаме вечерва откаолку претходно“.

Неделното дерби меѓу Ливерпул и Манчестер Сити се игра од 17:30 часот. Бодовната разлика меѓу двата тима е цели 13 поени, но црвените имаат и натпревар помалку.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×