Ливерпул влезе во трката за ѕвездата на Баер, Александер Арнолд ќе биде прекомандуван во средниот ред?!

by
1 минути читање

Баер Леверкузен
има неверојатна сезона, полека им се смешка првата титула во Бундеслигата, а
можат да освојат и исторска двојна, или тројна круна.

Неколку играчи
импресионираа со своите партии, еден од нив е Џереми Фримпонг, десниот бек може
да се пофали со 12 погодоци и 11 асистенции на 36 натпревари.

Па голем број на
клубови ширум Европа го имаат 23 годишниот Холанѓанец во своите бележници.

Последните
информации од „островото“ велат дека Ливерпул влегол во трката за потписот на
Џереми Фримпонг. Една ваква зделка може да придонесе Трент Александер Арнолд да
добие нова улога во тимот.

Англичанецот оваа
сезона неколку пати играше во средниот ред, се прикажа во одлично светло, па со
Фримпонг како десен бек, тој ќе може во континуитет да се испроба на оваа
позиција.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани