„Црвените“ веќе кројат планови за наследник на Дарвин Нуњез, клубот од Енфилд го пикирал Уго Екитикие од Ајнтрахт Франкфурт како нов напаѓач.
Ливерпул и Наполи наскоро ќе седнат на преговори за трансфер на Дарвин Нуњез во југот на Италија.
Уругваецот преферира да остане во Европа, веќе кажал ДА на „наполитанците“, па Ливерпул смета дека големи се шансите да се реализира една ваква зделка.
Затоа клубот од Енфилд веќе крои планови за наследник на Дарвин Нуњез, и како што пренесува новинарот Флоријан Плетенберг, пикиран Уго Екитике од Ајнтрахт Франкфурт.
Напаѓачот е во бележникот и на Челси, и на Манчестер јунајтед, но „црвените“ се убедени дека можат да ја победат конкуренцијата и да стигнат до потписот на Французинот.
ФОТО: X/Eintracht Frankfurt