Ливерпул убедлив во првиот меч на Енфилд откако Клоп соопшти дека наскоро заминува (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Мечот беше емотивен бидејќи беше прв за Јирген Клоп по неговата објава дека по крајот на сезоната заминува од кормилото на Ливерпул.

Црвените беа доминантни, ја оправдаа улогата на фаворит и се пласираа во следното коло од ФА Купот.

Џонс во 16. минута донесе водство, но шест минути подоцна Џибсон изедначи на 1-1. Сепак Ливерпул имаше предност на полувремето бидејќи Дарвин Нуњез даде гол за 2-1.

По осум минути игра во второто полувреме Диого Жота погоди за 3-1, а Ван Дајк во 63. минута зголеми на 4-1.

Шест минути подоцна Саинц намали на 4-2, длабоко во судисокото продолжение Гравенберх ги постави конечните 5-2.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×