196
„Спорт Медисасет“ тврди дека пред крајот на преодниот рок, Ливерпул на Јувентус му понудил дури 57 милиони евра за Демирал, но добил негативен одговор.
Турскиот фудбалер штотуку се опорави од повреда на лигаментите. Иако не добиваше некоја посебна минутажа во Јувентус, тие не сакаат да се откажат од него бидејќи има само 22 години и важи за перспективен играч на неговата позиција.
Откако беше одбиен, Ливерпул реши да тргне по друг турски дефанзивец и го купи договори Озан Кабак од Шалке на позајмица до крајот на сезоната со опција да биде целосно откупен.