„Сините“
потрошија преку 1 милијарда на засилувања во последните две години, но далеку
се од најдобрите во Англија. Вечерва, Ливерпул му одржа лекција на Челси и со
4-1 го доби дербито на Енфилд.
Жота го отвори
резултатот во 23. минута, а пред крајот на првиот дел, младиот Бредли убаво
погоди од врвот на шеснаесетникот за 2-0.
Собослаи во 65. минута
донесе 3-0, за Нкунку да намали на 3-1 само пет минути подоцна и малку да ја
врати неизвесноста.
Но во 79. минута
Диаз искористи едно невнимание на одбраната на Челси, реализираше за 4-1 и
крај на дилемите.
Манчестер Сити рутински
одработи против Барнли и славеше со 3-1, додека пак Тотнем со кам-бек во
второто полувреме стигна до победа од 3-2 над Брентфорд и влезе во топ 4 на
табелата.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.