Тотнем му го нанесе првиот пораз на Ливерпул во Премиерлигата оваа сезона.
Избраниците на Клоп и со двајца играчи помалку одолеваа, беа на прагот да се изборат за голем бод, но во последните секунди Матип ја затресе својата мрежа и донесе триумф на „спарси“.
Џонс доби црвен картон во 26. минута за опасен старт, а десет минути подоцна Сон донесе 1-0. Но и со играч помалку, во финишот на првиот дел, Гакпо реализираше за 1-1.
Во 70. минута беше искучен и Жота откако заработи втор жолт картон, па „црвените“ финишот од мечот го играа со двајца фудбалери помалку.
Тотнем силно притискаше, и кога се чинеше дека ќе има поделба на бодовите, Матип несреќно си постигна автогол во 96. минута за огромно славје во Северн Лондон.
GOAL | Tottenham 2-1 Liverpool | Matip (OG)
Follow our partner page @ocontextsoccer pic.twitter.com/53n36pS7W6
— VAR Tático (@vartatico) September 30, 2023
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.