Англискиот шампион Ливерпул ја потврди ужасната вест за Диого Жота кој со неговиот брат Андре загинаа во сообраќајна несреќа во Шпанија.
„Фудбалскиот клуб Ливерпул е скршен од болка поради трагичната смрт на Диого Жота. Клубот е информиран дека 28-годишниот фудбалер го загубил животот во сообраќајна несреќа во Шпанија, заедно со неговиот брат, Андре. Ливерпул во овој момент нема да даде дополнителни коментари и бара да се почитува приватноста на семејството, пријателите, соиграчите и вработените на клубот, додека се обидуваат да се соочат со оваа незамислива загуба. Ние ќе продолжиме да им ја даваме сета наша поддршка“, соопшти премиерлигашот.
Во меѓувреме сите клубови во Англија но и во цела Европа изразуваат сочувство за смртта на Жота.
Оваа трагична вест го потресе целиот фудбалски свет.