Ливерпул си поигра со Арсенал, пет пати се тресеше мрежата на Лено (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Ливерпул го понижи Арсенал и ја потврди одличната форма во која се наоѓа, Лено дури пет пати ја вадеше топката од својата мрежа.

Арсенал добро го почна мечот, поведе со гол на Маитланд Најлс уште во 11. минута од натпреварот и тогаш ништо не наговестуваше дебакл.

Но, за пресврт беа потребни само пет минути, Фирмино најпрво во 14. минута изедначи на 1-1, а само две минути подоцна даде уште еден гол за водство на Ливерпул од 2-1.

Во 32. минута по една добра акција и асистенција на Салах, Мане даде гол за 3-1, а пред крајот на првото полувреме и Салах реализираше од белата точка за 4-1.

По големото водство Ливерпул во второто полувреме ја тргна ногата од гас, но и покрај тоа создаде неколку шанси и постигна гол преку Фирмино од пенал за конечни 5-1. Тоа беше хет-трик на Фирмино против тимот кој навистина му лежи.

Со оваа победа Ливерпул ја зголеми предноста на врвот пред Тотнем кој денеска доживеа шокантен поразод Волвс. Црвените имаат девет бода повеќе од Спарс, а десет повеќе од Манчестер Сити кој утре го игра својот меч од ова коло, му гостува на Саутемптон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани