Ливерпул сериозно полни касата по освоената титула!

by 24 фудбал
1 минути читање

Оваа сезона донесе триумф во Премиер лигата, но и сериозен финансиски бенефит за Ливерпул – „црвените“ ќе инкасираат дури 212 милиони евра, повеќе од тоа што Манчестер Сити заработи во двете претходни шампионски сезони (по 208 милиони евра).

Најголемиот дел од парите доаѓа од ТВ-правата, кои и понатаму се златна кокошка на англискиот фудбал. За споредба, победникот во Премиер лигата заработува повеќе од освојувачот на Лигата на шампионите.

Дополнително, Ливерпул ќе добие 2,35 милиони евра бонус од Најк, кој летово ја завршува соработката со клубот, а Адидас презема како нов технички спонзор. Со бонусите од останатите спонзори, вкупната цифра се искачува на 362 милиони евра – значително повеќе од претходните сезони.

Од Лигата на шампионите сезонава Ливерпул доби околу 100 милиони евра, а од натпреварите на „Енфилд“ беа остварени рекордни 117 милиони евра приходи од влезници.

Според The Athletic, Ливерпул наскоро ќе стане само втор англиски клуб по Манчестер Сити што ќе ја надмине границата од 823 милиони евра годишен промет.

Новата титула не само што го врати Ливерпул на врвот, туку и сериозно го засили неговиот бренд и привлечноста кај комерцијалните партнери.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани