„Црвените“ се вратија од гол негатива против Борнмут и ги освоија трите бода.
Семењо донесе рано водство за гостите, погоди за 0-1 веќе во третата минута, но Ливерпул до крајот на првиот дел го сврте резултатот.
Диаз убаво се снајде и изедначи на 1-1 во 28. минута, додека пак Салах во 36. минута донесе 2-1, Египјанецот промаши пенал, но прв стигна до одбиената топка и ја смести во мрежата.
Мекалистер доби црвен картон во 58. минута, но и со играч помалку Ливерпул зголеми на 3-1, пет минути подоцна, Жота прв дојде до една топка и реализираше за нова радост.
Брајтон продолжува со одличните партии и со 1-4 триумфираше кај Вулвс. Гостинска победа забележа и Брентфорд, со 0-3 славеше кај Фулам.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.