Ливерпул се изнапромашува во првото полувреме, па се спасуваше од пораз во второто против Јунајтед! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Ливерпул може да жали што не ги освои трите бода од Олд Трафорд, а лесно можеше да се случи и Манчестер јунајтед да победи.

Ливерпул имаше многу шанси во првиот дел, но реализираше само една преку Диаз во 23. минута за водство од 1-0.

По пет минути игра во вториот дел Бруно Фернандеш постигна гол речиси од половина терен за израмнување на 1-1.

Во 67. минута Маино даде прекрасен гол за комплетен пресврт и водство на Манчестер јунајтед од 2-1.

Ливерпул изедначи во 84. минута од пенал преку Салах, конечниот резултат беше 2-2.

По 31 коло во Премиерлигата прв е Арсенал со 71 бод, исто колку што има и Ливерпул но црвените имаат полоша гол разлика. Зад нив е Манчестер Сити со бод помалку.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани