Ливерпул прокоцка два гола предност против Арсенал! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Дербито меѓу Ливерпул и Арсенал заврши нерешено, 2-2, актуелниот шампион имаше водство од 2-0, но не го задржа до крајот.

Ливерпул веќе е шампион на Англија, па денешните бодови не им значеа ништо, за разлика од нив, Арсенал се бори за да ја задржи втората позиција.

На денешниот меч на Енфилд, двете екипи имаа по едно полувреме.

Со голови на Гакпо и Диаз, Ливерпул имаше водство од 2-0 по првите 45 минути.

Веднаш на почетокот на вториот дел Мартинели намали на 2-1, а Мерино во 70. минута изедначи на 2-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани