Неколку извори објавија дека „црвените“ понудиле 90+10 милиони евра за Јан Диоманде од РБ Лајпциг, но „биковите“ го одбиле овој предлог без многу размислување.
Ливерпул ова лето како една од задачите на трансфер пазарот има да најде наследник на Мо Салах, и прв избор на клубот од „Енфилд“ е Јан Диоманде од РБ Лајпциг.
Неколку извори вечерва објавија дека „црвените“ понудиле 100 милиони евра, односно 90 милиони евра како фиксен дел, плус додатни 10 милиони во бонуси.
Сепак, „биковите“ го одбиле овој предлог без многу размислување.
Се шпекулира дека РБ Лајпциг бара околу 120 милиони евра за продажба на 19 годишниот офанзивен фудбалер.
Клубот од Бундеслигата исто така се надева дека ПСЖ ќе достави понуда, а и други гиганти ширум Европа ќе тропнат на вратат, па на овој начин лесно ќе стигнат до посакуваната цена.