Англискиот првак
и лански освојувач на Лигата на шампионите, Ливерпул веќе го сторил и првиот
официјален контакт со Баерн Минхен околу можноста да се засили со 29 годишниот
фудбалер од средниот ред, Тијаго Алкантара, тврди „Билд“.
Со една година
останата во договорот на Шпанецот со „Баварците“, се верува дека Алкантара има
нескриена желба да ја напушти Бундеслигата ова лето и да тргне по нов
предизвик, а вреди да се напомене дека и самиот тренер на германскиот првак,
Ханси Флик јавно порача дека нема да му стои на патот доколку сака да си
замине.
Ливерпул веќе
започнал разговори со Баерн Минхен, поточно остварил средба со спортскиот
директор на тој клуб, Хасан Салихамиџиќ, а разговорите би требало да одат во
напредна фаза оваа седмица.