Медиумите од Германија пренесуваат дека Ливерпул решил да го ангажира Јан Диоманде од РБ Лајпциг како наследник на Мохамед Салах.
Мохамед Салах реши да стави крај на авантурата на Енилд и ќе го напушти Ливерпул по крајот на сезоната и покрај тоа што има договор до јуни 2027.
Низ медиумите кружат неколку имиња како потенцијални наследници на напаѓачот од Египет, а како што пренесува Скај Германија, изборот паднал на Јан Диоманде од РБ Лајпциг.
19 годишното момче ги исполнува сите критериуми на раководството на „црвените“ и веќе се отпочнати преговори со неговите нови агенти од „Рок Нејшн Спортс“.
Но зделката воопшто нема да биде лесна, РБ Лајпциг му нуди нов договор на Јан Диоманде, за кого интерес пројавуваат уште неколку клубови, помеѓу кои и ПСЖ. Што се однесува до цената, се шпекулира со сумата од 100 милиони евра.
ФОТО: X/Liverpool FC