Ливерпул одби да биде домаќин на првиот натпревар но РБ Лајпциг најде решение

by
0 минути читање

Ливерпул нема
дозвола да патува во Германија поради рестрикциите за патници од Велика
Британија, па РБ Лајпциг до УЕФА требаше да достави алтернативен терен или во
спротивно ќе загуби со службени 3-0.

„Црвените“ одбиле
да се смени редоследот и тие да бидат домаќини на првиот натпревар, па
„биковите“ откако разгледале неколку опции, се решиле да го пречекаат шампионот
на Англија во Унгарија.

„Пушкаш Арена“ во
Будимпешта ќе биде местото каде РБ Лајпциг и Ливерпул ќе ги одмерат силите на
16. февруари во 21 часот. Промената попладнево беше потврдена од страна на УЕФА
и клубовите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×