541
Ливерпул му донесе сонародник на Јирген Клоп, кој треба да има важна улога во реновирањето на тимот.
„Ливерпул може да потврди дека Јорг Шмадке е назначен за нов спортски директор“, стои во соопштението на клубот.
Шмадке повеќе од четири години беше спортски директор на Волфсбург, а претходно истото го работеше и во Келн, Хановер и Алеманија Ахен.
Тој е поранешен голман со преку 300 настапи во Бундеслигата.
59-годишниот Германец со новата работа започнува од 1ви јуни.
Шмадке доаѓа на местото од Џулијан Вард кој си замина ова лето по повеќе од една декада во Ливерпул.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.