244
24-годишниот Цимикас беше еден од најдобрите играчи на Олимпијакос оваа сезона, но во Ливерпул ќе се задоволи само со тоа што ќе му биде резерва на Енди Робертсон.
Робертсон и Алакесандер Арнолд се промовираа во фантастични бекови и си обезбедија загарантиран првотимски статус, а Ливерпул во овој преоден рок бараше замена за левата бековска позиција.
Прво се обидоа да го купат Џемал Луис од Норич но не се договорија за висината на обесштетувањето.
Сега „Скај Спортс“ вели дека Костас Цимикас е на чекор до Ливерпул за сума од 13 милиони евра, наскоро се очекува и официјализирање на зделката.