Флоријан Вирц е на чекор од преселба на „Енфилд“ – англиските медиуми пренесуваат дека Ливерпул и Баер Леверкузен постигнале договор за трансферот, кој ќе биде финализиран во следните денови.
Според најновите информации, „црвените“ ќе платат 120 милиони евра во загарантирани средства, плус дополнителни клаузули. Баер Леверкузен одбил да влезе во евентуално наддавање со Баерн Минхен, со цел да го спречи потенцијалниот трансфер на Вирц во редовите на баварскиот гигант.
Вчера Вирц ја прифатил понудата од Ливерпул, а доцна синоќа и клубовите ги договориле последните детали околу мегатрансферот.
Со оваа зделка, Ливерпул поставува нов рекорд – Вирц станува најскапото засилување во историјата на клубот, надминувајќи ја сумата платена за Дарвин Нуњез (85 милиони фунти).
Воедно, младиот Германец станува и најплатениот германски фудбалер на сите времиња. Сепак, неговиот трансфер останува далеку од историскиот рекорд на Нејмар (222 милиони евра), кога премина од Барселона во ПСЖ.