Ливерпул конечно победи, Тотнем ја плати сметката (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Ливерпул во дербито влезе со пет натпревари по ред без победа и без постигнат гол на последните четири меча, но сето тоа го прекина и дојде до триумф против Тотнем.

Натпреварот почна фуриозно, Мане во втората минута пропушти идеална шанса, а во следната минута Сон постигна гол кој беше поништен поради офсајд.

Во четвртата минута од судиското продолжение мечот беше отворен, по асистенција од Мане, Фирмино реализираше за водство на Ливиерпул од 1-0. Тоа беше прв гол за црвените во Премиерлигиата по точно 482 минути.

По две минути игра во второто полувреме Александер Арнолд зголеми на 2-0, но веднаш потоа Хојбјерг со прекрасен гол намали на 2-1 и го врати Тотнем во игра.

Во 56. минута Салах постигна гол, но тој беше поништен поради игра со рака. Сепак десет минути подоцна Мане даде гол и иги постави конечните 3-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×