Ливерпул ја одби и втората понуда на Баерн за Мане, бонусите биле смешни

by
1 минути читање

Ливерпул нема
намера лесно да се откаже од услугите на Садио Мане, откако ја одби првата
понуда вредна 25 милиони фунти (околу 30 милиони евра), „црвените“ кажале НЕ и
на вторит предлог.

Баерн Минхен на
маса ставил предлог кој може да се искачи до 30 милиони фунти (околу 35 милиони евра) но ниту ова не е доволно
за клубот од Енфилд да даде зелено светло.

Како што
пренесува Атлетик, во таборот на Ливерпул сметале дека бонусите се смешни и за
тие да ја добијат целата сума од 30 милиони фунти, Баерн Минхен ќе треба да ја
освои Лигата на шампиони, а Садио Мане да стигне до „Златната топка“ во
следните три сезони.

Атлетик исто така
додава дека Ливерпул бара најмалку 40 милиони фунти (речиси 47 милиони евра) за
да го продаде Садио Мане.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани