Ливерпул исфрлен од ФА Купот, ВАР технологијата во главна улога (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Ливерпул фантастично го отвори натпреварот, во 5. минута по една грешка на одбраната на ВБА, Фирмино со убав лоб донесе водство за домаќините од 1-0.

Но веќе во седмата минута Џеј Родригез постигна прекрасен погодок за изедначување, а истиот фудбалер само четири минути подоцна погоди за комплетен пресврт и водство на ВБА од 2-1.

Следуваше нов гол на ВБА, но тој беше поништен со видео технологијата, имаше фаул во шеснаесетникот на Ливерпул.

Во 25. минута судијата не виде пенал за Ливерпул, но со помош на ВАР технологијата црвените добија удар од белата точка. Фирмино ја погоди само пречката.

Пред самиот крај на првото полувреме Матип си постигна автогол. И овој пат беше употребена видео технологијата, но голот на ВБА беше чист, со 3-1 влегоа во вториот дел.

До крајот на натпреварот Ливерпул преку Салах успеа само да намали на 3-2. Црвените испаднаа од ФА Купот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани