Ливерпул има план како да дојде до Исак, но дали ќе му успее?

by riste
1 минути читање

Александер Исак е еден од најпосакуваните напаѓачи, па цената која ќе ја одреди Њукасл за него сигурно нема да биде под 100 милиони фунти.

Најзагреани по Исак од Премиерлигашите се Арсенал и Ливерпул. Црвените кројат планови како да ја добијат битката.

Според дел од англиските медиуми, Ливерпул е подготвен на Њукасл да му го понуди Дарвин Нуњез и пари за да го добие Исак.

Се верува дека Њукасл тешко ќе се откаже од Исак дури и да не се пласира во Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани