98
Напредуваат преговорите меѓу Ливерпул и Баер Леверкузен за Флоријан Вирц, се верува дека во наредните денови трансферот ќе биде комплетиран.
Според новинарот на „Атлетик“, Дејвид Орстејн, последната понуда на Ливерпул е вкупно 130 милиони евра.
Оваа сума би била со вклучени бонуси. Сега се преговара за структурата на сумата, односно за тоа колку веднаш ќе платат црвените, а колку ќе биде исплатено во бонуси и тежината на истите.
Се очекува дека наскоро ќе се најде решението и за овој дел од договорот и Ливерпул ќе го добие своето мега засилување.