Ливерпул го загуби трпението со скапиот напаѓач

by 24 фудбал
0 минути читање

Дарвин Нуњез е на излезна врата од Ливерпул, јавува добро информираниот новинар Фабрицио Романо.

Уругвајскиот напаѓач пристигна на „Енфилд“ во 2022 година од Бенфика за огромни 85 милиони евра, и тогаш беше најскапиот фудбалер во историјата на клубот. Но, три сезони подоцна, на „црвените“ очигледно им е доста.

Нуњез во 138 настапи има учинок од 40 голови и 26 асистенции, но тоа не е доволно за дел од навивачите и раководството, кои очекуваа многу повеќе од 25-годишниот голгетер.

Ливерпул, според Романо, е подготвен да го пушти Нуњез, а според „Трансфермаркт“ неговата моментална вредност е 50 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани