Ливерпул го растури Кристал Палас и веќе утре може да стане шампион (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Тимот на Јирген Клоп вечерва одигра блескава партија, го надигра Кристал Палас и му даде четири гола.

Серијата ја започна Александер Арнолд со прекрасен гол од слободен удар во 23. минута, пред крајот на првиот дел погоди и Салах за предност од 2-0.

По десет минути игра во второто полувреме Фабињо постигна прекрасен гол од далечина за водство од 3-0, а в 69. минута Мане ги постави конечните 4-0.

Утре Манчестер Сити има сериозно гостување кај Челси, ако не ги освои трите бода, Ливерпул и официјално по 30 години ќе стане шампион на Англија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани