Ливерпул го продаде резервниот голман, а најмногу се израдува еден ирски аматерски клуб

by Стефан
1 минути читање

Ливерпул ја заврши продажбата на својот втор голман, Келехер (26), кој кариерата ќе ја продолжи во Брендфорд. Според последните информации, трансферот вреди 18 милиони фунти, односно нешто над 21 милион евра, со вклучени бонуси.

Но, добар дел од оваа сума нема да заврши во касата на „црвените“. Цели 20% од договорениот износ ќе добие скромниот ирски клуб Рингмахон Рејнџерс, местото каде што Келехер ги направи првите фудбалски чекори.

Станува збор за клуб од третата лига на Ирска, каде што фудбалот е далеку од комерцијалниот сјај на англиската и шкотската сцена. За нив, оваа трансфер-сума претставува историски приход. Пресметките покажуваат дека Рингмахон ќе инкасира околу 3 милиони евра, а ако се исполнат сите бонус-клаузул, приходот може да надмине и 4 милиони.

За споредба, кога Келехер како 17-годишник се пресели во Ливерпул, трансферот изнесувал симболични 15.000 евра. Преку додатни бонуси, поврзани со настапите во дресот на ирската репрезентација, клубот од „Енфилд“ дотогаш му исплатил уште околу 150.000 евра, веќе значајна сума за мал клуб од Корк. Но денешниот договор со Брендфорд се опишува како финансиски пресврт кој ќе го „обезбеди клубот за следните неколку децении“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани