Ливерпул го повлекува бројот 20 во чест на Диого Жота

by bojan
0 минути читање

„Црвените“ од Енфилд вечерва соопштија дека дресот со број 20 ќе биде повлечен од употреба во чест на Диого Жота.

Ливерпул реши да го повлече дресот со број 20 во чест на Диого Жота, кој денеска трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа во која настрада и неговиот брат Андре.

„Бројот 20 заслужено ќе биде овековечен за неговиот придонес за титулата освоена во сезоната 24/25, 20-та во историјата на Ливерпул, со неговиот препознатлив гол пред трибината Коп за победа во дербито на Мерсисајд, последниот гол во неговиот живот“ – гласеше известувањето на „црвените“ од Енфилд.

ФОТО: liverpoolfc

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×