Во последните денови од минатиот месец, Ливерпул реши да тргне во офанзива по потписот на Доменик Собослаи и да ја активира неговата откупна клаузула од 70 милиони евра, која важеше само до 30. јуни.
Па за кратко време беа комплетирани сите формалности и „црвените“ попладнево го потврдија Унгарецот како второ засилување за Јирген Клоп.
„Последните три-четири дена беа навистина долги, не беше лесно. Но на крајот завршив во Ливерпул, среќен сум и со нетрпение чекам да ја почнам авантурата“ – вели Собослаи.
„Ова е клуб со огромна историја, навистина добри играчи и фантастичен тренер. Се поклопија сите коцки за да го направам следниот чекор во ваков клуб. Навивачите, стадионот, се е навистина добро“.
Тој се реши за дресот со број 8, кој претходно го носеше Стивен Џерард.
„Имам тетоважа од Стивен Џерард па затоа го одбрав бројот 8. Тој беше еден од најголемите фудбалери кога јас бев дете и растев“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.