Ливерпул го потврди трансферот на Фримпонг, десниот бек откри што направил кога ја добил понудата

by bojan
1 минути читање

Ливерпул вечерва го потврди трансферот на Џереми Фримпонг од Баер Леверкузен, десниот бек вели дека без размислување кажал ДА кога ја добил понудата од „црвените“.

Реал Мадрид попладнево го соопшти трансферот на Трент Александер Арнолд, и само неколку часа подоцна Ливерпул ја потврди замената на Англичанецот.

„Ливерпул го договори ангажманот на Џереми Фримпонг од Баер Леверкузен. Репрезентативецот на Холандија стави потпис на долгогодишен договор откако успешно ги помина лекарските прегледи“ – гласеше известувањето.

Детали не беа откриени, се шпекулира дека „црвените“ ќе платат 35 милиони евра, колку што изнесува откупната клаузула на Џереми Фримпонг.

За преселбата на Енфилд, Холанѓанецот вели: „Беше прилично лесно. Кога Ливерпул ме извести дека е заинтересиран за мене, одлуката беше едноставна – без двоумење“.

„Им кажав на агентите, „момци правете што ќе правите, само завршете ја работата, јас сакам само трансфер во Ливерпул“.

„Сакам навивачите на Ливерпул да знаат дека ќе оставам срце на терен, целата енергија, ќе работам напорно и се надевам дека заедно ќе победуваме и ќе се радуваме на успеси“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани