Ливерпул го доби Палас во мечот кој го одбележа срамниот потег на Муњоз (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Ливерпул остварија сигурна победа од 3-1 против Кристал Палас во натпревар од 34. коло на Премиер лигата.

Домаќините ја изградија предноста кон крајот на првото полувреме со два брзи гола, но натпреварот донесе и проблеми откако Мохамед Салах поради повреда мораше предвреме да излезе од игра. Во вториот дел следеше контроверзен момент кога Даниел Муњоз погоди на празна мрежа додека голманот лежеше повреден, што предизвика силни реакции од трибините. Сепак, дилемите околу победникот ги разреши Флоријан Вирц со погодок во судиското продолжение.

Во битката за опстанок, Тотнем славеше со 0-1 на гостувањето кај Вулверхемптон, но триумфот немаше поголемо значење.

Вест Хем во драматична завршница го совлада Евертон со 2-1 и со 36 бодови останува над опасната зона, додека Тотнем со 34 е на 18. позиција. Барнли и Вулверхемптон веќе испаднаа во Чемпионшип.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×