Ливерпул е подготвен да плати 42 милиони а од Брајтон порачуваат: За таа сума можат само копачките да му ги купат!

by
1 минути читање

20 годишниот
Моисес Каиседо нема големо искуство во Премиерлигата, има само 12 настапи во
најсилното првенство на Англија, но и тоа беше доволно за да го привлече
вниманието на големите клубови како Ливерпул, Манчестер јунајтед и Арсенал.

Во последно време
се шпекулира дека „црвените“ би можеле да тргнат по потписот на Еквадорецот во последните денови од летниот преоден рок, се
споменува сума од 42 милиони фунти, но Брајтон не помислува да го продаде и
покрај тоа што може да направи голем профит ( во 2021 го купи Моисес Каиседо за само
4,5 милиони фунти).

„Не сум изненаден
од тоа што привлекува интерес, игра на фантастично ниво. Се работи за топ момче,
одличен човек, млад, настапува во Премиерлигата и ги има сите атрибути да игра на
највиско ниво“
– вели тренерот на Брајтон, Грахам Портер.

„Не сакаме да останеме
без него и мислам дека нема да го продадеме, иако во фудбалот никогаш не знаете
што може да се случи“.

Тој потоа со
насмевка на лицето додаде: „Познавајќи го нашиот претседател, мислам дека со 42
милиони евра можат да се купат само копачките на Моисес Каиседо“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×