297
Џеси Лингард во еден натпревар за Вест Хем постигна голови колку што даде во последната година ипол за Манчестер јунајтед.
На офанзивниот фудбалер му се играло фудбал, па денеска беше прилично расположен.
Вест Хем поведе со гол на Соучек по шест минути игра во второто полувреме, а пет минути подоцна Лингард зголеми на 2-0 со својот деби погодок.
Во 81. минута минута Воткинс намали на 2-1 и ја врати Астон Вила во игра, но веќе во 83. минута беше 3-1 за Вест Хем со вториот гол на Лингард.
Вест Хем по 22 натпревари во Премиерлигата собра 38 бодови, тоа е најмногу за нив во најсилната лига од Англија уште од сезоната 1985-86 кога завршија на третото место.