Линделоф морал сред натпревар да го напушти Олд Трафорд, неговото детенце се здобило со хорор повреда

by bojan
1 минути читање
Линделоф

Виктор Линделоф не ја дочека епската победа над Лион во Лига Европа и сред натпревар мораше да го напушти Олд Трафорд, Швеѓанецот го сторил ова откако дознал дека неговото детенце е во болница и итно мора да биде оперирано.

„Ѓаволите“ минатата недела имаа нова партија за паметење, против Лион беа на работ на елиминација во Лига Европа, но со головите на Мејно во 120. минута и Мегваер во 121. минута стигнаа до луда победа од 5-4 и пласман во полуфинале.

Многу навивачи не го дочекаа овој епски пресврт откако предвреме го напуштија стадионот, а истото важи и за дефанзивецот Виктор Линделоф.

Швеѓанецот го напуштил Олд Трафорд уште на полувремето и тоа откако дознал дека неговото детенце е во болница и итно мора да биде оперирано.

Неговата сопруга Маја откри дека малиот Франсис се бркал по дома со својот постар брат Тед Луи и во еден момент се забил во стаклената ограда на скалите и заработил хорор повреда.

„Неговото чело беше на два дела, му ставија анестезија и го оперираа. Прв пат доживувам нешто ваква, беше прилично трауматично“ – раскажува Маја.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани