Лидс во голем стил ја заврши сезоната, ВБА на Славен Билиќ е вториот патник во Премиерлигата

by
1 минути читање

Алиоски беше стартер на денешниот меч на Лидс и одигра 62 минути. Неговиот тим ги победи Чарлтон со 4-0 и на убедлив начин со десет бодови предност пред вториот ја заврши сезоната.

Во Премиерлигата ќе оди и Вест Бромвич чиј тренер е легендарниот Хрват, Славен Билиќ. Тие одиграа 2-2 против КПР што беше доволно за да се освои второто место.

Брентфорд играше на свој терен против Барнсли и доколку победеше тие ќе патуваа во Премиерлигата, но загубија со 2-1. 

Во игра беше и Фулам кој одигра 1-1 на гостувањето кај Виган.

Во плејофот за третото место кое води во Премиерлигата ќе играат Брентфорд, Фулам, Кардиф и Свонси.

Од Чемпионшип испаднаа Виган (на кого му беа одземени 12 бодови), Чарлтон и Хал. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×