Лидс три пати водеше, на крајот Тотнем победи (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Од 16 часот во
Премиерлигата на програмата беа пет натпревари, а највозбудливо беше во Северен
Лондон, Тотнем го победи Лидс со 4-3.

Гостите три пати
водеа, но бодовите на крајот ги однесе Тотнем благодарејќи на Родриго Бентанкур.

Резултатот го
отвори Самервил, кој погоди по десет минути игра. Кејн изедначи на 1-1 во 25. минута,
но Родриго реализираше во финишот на првиот дел за 1-2.

На стартот од
второто полувреме, Дејвис со многу среќа изедначи на 2-2, за Родриго во 76. минута
по втор пат да ја затресе мрежата на Тотнем и да донесе 2-3.

Потоа на сцена
стапи Родриго Бентанкур, кој постигна два гола за три минути и донесе 4-3 и
огромно славје на домаќините.

На останатите
натпревари, Ливерпул со 3-1 го совлада Саутемптон, Борнмут со 3-0 славеше против
Евертон, Лестер со 0-2 го победи Вест Хем, а Нотингем Форест стигна до три важни
бода против Кристал и триумф од 1-0.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×