Лидс, каде игра
нашиот репрезентативец Езгјан Алиоски тргна во силна офанзива за потписот на 26
годишниот фудбалер на ПСЖ, Јулијан Дракслер, а оваа вест на Островот беше
пренесена како сензационална.
Тимот предводен
од Марсело Биелса на клупата, по цели 16 години се врати во елитната
Премиерлига, а нема дилеми дека не сакаат ниту да помислат на испаѓање и повторно
враќање во понизок ранг, барем според нивната раздвиженост на трансфер пазарот.
Во пресрет на
стартот на новата сезона која почнува уште во сабота, Лидс се обидува со крајни
напори да го убеди германскиот офанзивец да се пресели во нивниот тим, а дека е
така, тврди „РМЦ Спорт“.
Како и да е,
речиси да нема дилеми дека обидите на Лидс ќе бидат мошне тешки во оваа мисија,
а се верува дека Дракслер барем засега не дал позитивни сигнали за евентуален
трансфер на „Еланд Роуд“.
Освојувачот на
светско првенство со Германија постигна 20 погодоци, а дополнително запиша и 32
асистенции зад своето име во дресот на ПСЖ каде досега одигра 140 натпревари
изминативе три години.
Лидс и Алиоски во воведното коло од новата сезона во Премиерлигата тргнуваат со мечот на гостински терен кај актуелниот првак Ливерпул.