Од Лидс Јунајтед
повторно се враќаат во игра за потписот на Даниел Џејмс од Манчестер јунајтед,
па така за Велшанецот подготвуваат нова понуда по што се надеваат дека нивната
мисија ќе успее.
22 годишниот
офанзивец уште во јануари лани беше на прагот да потпише за Лидс, меѓутоа
неговиот трансфер од Свонси тогаш пропадна во самата завршница од преодниот
рок, за во јуни да се пресели во Манчестер јунајтед за 18 милиони фунти.
Шефот на
стручниот штаб на Лидс, Марсело Биелса од поодамна е голем обожавател на играта
на Џејмс, а „Сан“ известува дека во Лидс веруваат дека Велшанецот можат да го
добијат за 12 милиони фунти, дополнително и бонуси во понудата.
Од Лидс
истовремено не ја отфрлаат можноста и за позајмица на Џејмс, кој вчера доби
предност во однос на Мејсон Гринвуд во поразот на Манчестер јунајтед од Кристал
Палас на домашен терен со 1-3.