Лидс има пари за трошење откако Калвин Филипс се пресели во Манчестер Сити а на излезни врати е и Рaфиња.
Една од желбите на „белите“ е талентираниот Шарл де Кетеларе од Клуб Бриж и последните информации велат дека Лидс понудил 40 милиони евра.
Ова е двојно повеќе од предлогот на Милан, пред неколку дена беше објавено дека „росонерите“ доставиле прва понуда и на маса ставиле 20 милиони евра.
Се шпекулира дека Шарл де Кетеларе преферира прселба на Сан Сиро, фудбалерот веќе разговарал со Стефано Пиоли и му се допаднало она што го слушнал.
Па сега на потег се Малдини и Масара, кои ќе треба да ја пронајдат вистинската формула или во спротивно ризикуваат да им се повтори ситуацијата со Свен Ботман, кој на крајот ја одбра побогатата понуда на Њукасл.